Кирил Диаков
Менаџер за Македонија

Квалитетот
Квалитетот на нашите производи и услуги за нас е највисок приоритет. Ние ги задоволуваме и највисоките барања и за нив гарантираме со нашето добро име.
заштита и сигурност
Нашите продукти нудат заштита и сигурностна клиентите. При градба или реновирање тие можат 100% да се потпрат на нас и да се гордеат со тоа, дека го избрале BRAMAC за решение.
функционалноста
За BRAMAC покрај функционалноста на продуктите особено важна е и нивната естетика.
иновативни решенија
Како лидер во својата област, BRAMAC се залага за иновативни решенијасо цел да ги оправда високите очекувања на своите кли енти, денес и во иднина.
вредност
Нашите решенија за покриви имаат голема вредност. Тие ја гарантираат функционално ста на секоја градба и го зголемуваат животниот стандард на нејзините жители.
Фирмата формирана во 1966год. како "Bramac Dachsteinwerk GmbH", а денешната "Bramac Dachsysteme International GmbH", на почетокот на третиот милениум распространета е во многу земји од средна, средно-источна и југо-источна Европа и се вбројува во најдобрите и најиновативните производители на покриви. Bramac e самостојна австриска фирма, која ги користи интернационалите конекции и светски познатото Know-How на двете фирми основачи, Monier и Wienerberger, за постојано оптимирање на своите производи. Во 2011та година според дозволата од страна на органите одговорни за конкуренција, Monier Group го презема делот од 50% од Wienerberger AG и со тоа станува 100% сопственик на BRAMAC.
