Покрај долгогодишните дискусии за „Заштита на околината“ и понатаму непрестано растат загадувањата на воздухот, земјата и водата од штетните материи. Bramac напротив, не зборува, Bramac многу повеќе делува. И за тоа постојат многу примери за конкретна, актуелна заштита на околината:
Во логистиката
- Заедничкиот концепт на менаџментот за отпадот предвидува, покрај другото, преместување на транспортот на цемент од улиците на шините.
- Bramac има ARA-Лиценца од првиот момент и со тоа од самиот почеток обезбеди материјали за пакување, кои не штетат на околината и се рециклираат.
Во комуникацијата
- Веќе 15 години постои „Работна група Околина“, преку која се испитуваат сите планирани проекти на фирмата во врска со заштитата на околината.
- Сите вработени редовно се информирани за најновите активности за заштита на околината, a се вршат и стручни обуки, функциите на одговорните за животната средина и отпад професионално се поставуваат.
Во асортиман
- Соларната техника го поддржува користењето на обновената сончева енергија кај системот за загревање на водата (Bramac Соларен Покрив) односно за добивање електрична енергија од сончевата светлина.(Bramac Соларен Систем за Струја).
Во производството
- За произведување на ќерамидите се употребуваат исклучиво квалитетни суровини - песок, варовник и глинена земја, кои се горат до портланд цемент, како и вода.
- Загуба на енергија и емисии при производството значително се намалени отколку кај другите покривни материјали: Бетонските ќерамиди од голем формат, според една студија на Австрискиот Институт за биолошки и еколошки градежни материјали постигнуваат посебно ниски вредности во однос на загубата на необновливата енергија, при зајакнување на ефектот стаклена градина и при кислеи дождови.
- Сопствените постројки за рециклирање на отпадна вода на некои локации гарантираат приближно 100% повторно користење.
- Производствениот отпад, кој се складира на сопствена депонија, и покрај постојаното покачување на производството во однос на 1990 год., се редуцира за добри 50 %.