Брамак Покривни Системи и оваа година не изостави пред јавност во Македонија детално да претстави уште едно револуционерно откритие. Како лидер во производството на покривни материјали, овој пат, чест и задоволство имавме да го претставиме Protector од Bramac- најдобрата заштита под небото!
На 16.03.2011, за таа цел, беше одржана презентација во Хотел Александар Палас во Скопје. На презентацијата, преку современи технологии беше претставен, конечно и во Македонија, системот со 5-кратна заштита Protector.
Пред повеќе од 130 одбрани посетители, пријатели и партнери на Брамак, нашите експерти подробно ја објаснија новата технологија на ова иновативно решение за сите проблеми со покривот.
Во текстот што следи на кратко Ве запознаваме со технологијата на овој систем, а за сите подробности, кои Ве интересираат, Ви стоиме на располагање.
ТЕХНОЛОГИЈА – Protector
Основните компоненти на системот Protector се честичките, кои се толку ситни што можат да се содржат 5 000 пати во дебелината на едно влакно од коса.
Тие формираат премаз на надворешната страна, кој спречува задржување на честички нечистотија. На овој начин многу лесно може да се отстранат.
Премазот пропушта воздух, UV-стабилен е и не е видлив.
Водата и нечистотијата во голема мера се одлеваат. Се спречува таложењето на бигор, како и влијанието на киселините и базите.
Честичките од силициум невидливо се поврзани со ќерамидата и ја штитат од органски и неоргански штетни материи. Дождот едноставно ја измива нечистотијата како на пр. прашина, полен, издувни гасови и индустриски емисии, премази, бетон – вода, метал и легурни оксидации, бази и киселини. Површината може да биде исчистена без да биде погоден или оштетен заштитниот слој. Се разбира ние треба да се воздржуваме од употреба на средства кои содржат бази и киселини.
Првиот слој на системот "Protector"се нанесува на влажна основа, пред ќерамидата да оди во сушалната. Овој слој ги пополнува сите пори, ја спречува кршливоста на ќерамидата и ги поседува сите топ индикатори за квалитет на PRO-системот.
Вториот слој се нанесува при одредена температура, откако ќерамидата ќе ја напушти комората и ќе се оддели од подлогата. На површината постои свилен сјај и така се постигнува неверојатно влијание во комбинација со слојот на PRO-системот.
Третиот слој веќе е специјалниот премаз со микрочестички, кои всушност го градат врвот на PROTECTOR системот. Тој се грижи за намалување на можноста површината да контаминира. Овој квалитет може да се спореди само со електростатичките особини на магнетот со ист поларитет.
Конечно, имаме покривна површина со систем од премази и вонсериски квалитет и предности наспроти досегашните. Површина отпорна на сите временски услови, сол, бази и киселини, застарување, триење, топлина, UV-зрачење и оган. Површина, која во поширока смисла сама се чисти и спречува настанување на алги и печурки, бактерии и мувла. Површина, која е безбедна за околината и здравјето на човекот. Во исто време површина, која евентуално би барала многу мали трошоци за одржување.
Protector од Bramac- најдобрата заштита под небото!
