Контактмапа на сајтотЗа нас
Кои форми на покриви постојат?
Кои форми на покривни прозорци постојат?
Кои се разликите меѓу ладен покрив и потркровје?

Ладен покрив се дефинира како вид на конструктивна градба на целокупната конструкција. Ладен покрив секогаш е вентилациона конструкција. Поткровјето е конструкциона варијанта на ладниот покрив, која се употребува кај таванска реконструкција односно кај отстпување од правилото за покривен нагиб. се состои од комплетно шалување, потпокривна фолија и од контра летви парелелни со гредите.

Кога мора да градам поткровје?

Поткровје се прави тогаш, кога има отстапување од вообичаениот покривен нагиб (кај Алпска ќерамида 22°DN) или кога таванот се реновира.

Што е топол покрив?

Топол покрив е неветилациона конструкција, како што генерално имаат рамните покриви на индустриските градби или хали. Конструкциите на топли покриви не се дозволени кај коси покриви.

Што е ладен покрив?

Ладен покрив е вентилациона конструкција под покривот. Таа може да се вентилира на повеќе нивоа (на пр. кај таванска реконструкција во делот на контра летвите или евентуално под шалувањето), или целиот тавански под е вентилационен (= не реконструиран таван)

Кои норми се клучни во изведбата на покрив?

ÖNORM EN 490 ќерамиди и фазонски елементи од бетон, квалитет на производот
ÖNORM EN 491 ќерамиди и фазонски елементи од бетон, испитување
ÖNORM B 2219 работа на кровопокривачи, според договорените регулативи
ÖNORM B 2219-2 планирање и изведба на поткровја и потпокровни конструкции
ÖNORM B 721a работа на кровопокривачите според договорените регулативи
ÖNORM EN1991-1-4 оптоварување од ветар
ÖNORM EN 1991-1-3 оптоварување од снег
ÖNORM EN 517 готова покривна опрема за изработување на покривот, сигурносни спојки Правила за покривање со бетонски ќерамиди, издадени од кровопокривачите на Австрија

На што се треба да се издржливи покривите?
  • топлина (до +70° C)
  • студ (до – 30° C)
  • ветар (до 150 km/h)
  • снег и лед (до 1200 Kg/m²)
  • град
  • оган
  • звуци
Колку долго имам гаранција кај Bramac?
  • За ќерамиди: 30 години целосна гаранција без промени на трањето на користење (Гаранција со нова важност)
  • За соларни покриви: 10 години
Како изгледа типична изработка на покрив на веќе изградено поткровје?

Шалувањето се врши на греди, врз кои доаѓа покривна фолија како на пр. Bramac Universal S. На оваа покривна фолија се нанесува контра летва со напрелен пресек од минимум 5/5 см. Летвите се поставуваат на растојание соодветно на нагибот.

При употреба на дифузионо-отворени покривни фолии, под контра летвите треба да се изработи изолација на клинците (на пр. со бутил-трака за клинци).

Дали мора секогаш да има заштита од снег?

Соодветно на конструкцијата треба да се постави и заштита од снег во област на тремот на куќата т.е. На отворените површини каде што паѓа снег.

Каква заштита од снег треба да се употреби?

Bramac генерално препорачува да се употреби заштита на целата површина од покривот, зашто снегот секогаш почнува да се лизга од горе надолу. Заради тоа   се препорачува заштита од снег во стреи кои не би биле до таа мера изложени на снег

Решетки за снегобран се употребуваат во комбинација со површинска заштита од снег. Овде најповолно е да се употребат снегобран ќерамидите како заштита од снег.

До оптоварување од снег од 2,55 KN/m² може да се употребат снегобран куки од метал. Во друг случај не се употребуваат, заради тоа што вршат притисок и може да дојде до крш во оваа област.

Број на редови на снегобрани /куки зависи од снегот и од нагипот.

Schatten
© 2006 by Bramac Dachsysteme International, 3380 Pöchlarn, Austria · All rights reserved